21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Многу опасно пресретнување на руски ловец и американски шпионски авион

Американската војска објави снимка која покажува наводно небезбедно пресретнување на американски авион од руски ловец над Црното Море.

„5 октомври 2018 година, американскиот авион ‘локид ЕП-3’ летал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море кога го пресретнал руски ‘су-27’. Оваа интеракција беше небезбедна бидејќи ‘су-27’ прелетал со голема брзина непосредно пред авионот (САД) ризикувајќи ги животите на пилотите и на екипажот“, се наведува во соопштението на интернет-страницата на воената морнарица на САД.

Потоа, како што тврди американската војска, „су-27“ извел уште едно прелетување во близина на „ЕП-3“.

Екипажот на „ЕП-3“ се пожалил на турбуленции при пресретнувањето. Должината на пресретнувачкиот лет изнесувала проближно 25 минути. Засега не е проценето колку блиску поминал рускиот авион, ниту дали бил вооружен.