17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот профил на „Фејсбук“ по синоќешното гласање во Собранието за уставните измени.

„Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ќе не биде. И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме“, гласи пораката што ја испрати Димитров.

Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше изгласана одлуката за пристапување кон уставните измени, во насока на целосно прифаќање на преспанскиот договор. „За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, обвнети за настаните од 27 април, а кои по гласањето беа исклучени од партијата.