6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонија избра иднина, 80 херои ја презедоа одговорноста

Осумдесет херои презедоа одговорност за иднината на Македонија, патот кон НАТО и ЕУ е расчистен, сите да се приклучат, порача Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение по вчерашното гласање во Собранието за уставните измени.

„Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80-те пратеници во Собранието кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување. Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија. Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски“, наведе СДСМ во соопштението.

Владејачката партија тврди дека сите пратеници слободно и по сопствено убедување гласале за иднина во ЕУ и НАТО.

„Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните“, порача СДСМ.

Од партијата велат дека надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои, како што велат, ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: