Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ: Возило излетало кај клучката Илинден – повеќемина повредени

На 08.12.2025 година околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, кај клучката Илинден, патничко возило марка „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Со возилото управувал 19-годишен жител на Скопје. Во сообраќајната несреќа, еден сопатник се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и уште три сопатници се здобиле со телесни повреди.

Повредените биле пренесени и медицински згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.