Centar.mk
БИЗНИС

ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15: Регресот за годишен одмор може да изнесува и до 45.000 денари

Поголемиот дел од приватните компании веќе започнаа со исплата на регресот за годишен одмор, популарно наречен К-15. Оваа година, износот за вработените во приватниот сектор во просек изнесува нешто над 18.000 денари.

За вработените во јавната и административната служба, пак, се исплаќа значително понизок износ, кој се движи околу 12.000 денари.

Според законските одредби, регресот за годишен одмор може да достигне максимален износ до 45.000 денари, односно до висината на просечната месечна плата во државата. Сепак, конечната висина на К-15 ја утврдува секој работодавач поединечно, во согласност со своите финансиски можности.

Законот е недвосмислен – К-15 мора да биде исплатен најдоцна до 31 декември 2025 година. Во спротивно, за работодавачите следуваат строги парични казни.

Вработените кои нема да добијат К-15 во законскиот рок имаат право да поднесат пријава до надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК