Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Циклонот пристигнува – дожд, снег и температурен пад! Детална прогноза за следните денови

Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.

Прогноза за 27.11.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 28.11.2025
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 11°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 29.11.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 12°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

error: Соддржината е заштитена.