На 24.11.2025 во 13:30 часот во Сектор за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „1“ во село Арачиново, скопско, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишен жител на село Орланци, скопско, удрило во 14-годишник од село Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а повредите биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Скопје.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


