Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

Вчера вечер на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштија регионот, извести преку социјалните мрежи, министерот Тимчо Муцунски.

Како што информираше тој, во авионот имало 151 патник, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции.

„Безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони“, додава Муцунски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА – Четири здравствени дома добиваат амбулантни возила

ДЕСК

ВОЗАЧИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ШЕСТ ДЕНА – Од 15 ноември задолжителна е зимската опрема, еве што мора да имате

ДЕСК

19 КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата приведе 17 лица поради опасно возење

ДЕСК