Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за даночно затајување против сопственик на фирма од Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“. Кривична пријава е поднесена и против самото правно лице за „даночно затајување“.

Според истрагата, пријавениот постапувал спротивно на Законот за данок на додадена вредност. Во даночните пријави за контролираниот период, преку фирмата пресметал и прикажал помал даночен долг произлезен од неевидентиран промет при продажба на основни средства и залихи од материјали. Со ваквите дејства се стекнале со противправна имотна корист од 31.433.522 денари, за што е оштетен државниот буџет.

Можеби ќе ве интересира

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

ДЕСК

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.