24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва: Можно е странски специјалци да исценираат напад со хемиско оружје во Сирија

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, предупреди денеска на можноста странски специјалци да исценираат напад со хемиско оружје во Сирија.

„Според информациите кои Рускиот центар за помирување во Сирија ги прими денеска од жители на Идлиб, странски експерти, кои зборуваат англиски, допатувале во населбa на југот на Идлиб за да исценираат хемиски напад користејќи ракети со хлор“, рекол тој, пренесува руската новинска агенција „Тас“.

Конашенков тврди дека провокациите ќе бидат изведени во следните два дена со ракетни ласери и проектили со отровни супстанци. Тој ги обвини надворешните сили дека повторно подготвуваат големи провокации во Сирија за да ја дестабилизираат состојбата и да ја уништат цврстата динамика на мировниот процес кој е во тек.

Спонзорирано: