24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се жалела на гласна џамија и добила 18 месеци затвор

Жена по потекло од Кина е осудена на 18 месеци затвор поради верско сквернавење, со образложение дека го навредила исламот поради тоа што се пожалила дека џамијата во нејзиното соседство била премногу гласна.

Жената на 44-годишна возраст, инаку следбеничка на будизмот, се пожалила на гласното молитвено повикување кое се повторувало пет пати на ден во џамија во северниот дел на Суматра.

Во Индонезија поголем дел од жителите се муслимани, има и значителен број будисти, но и христијани и други верски малцинства.

„Таа рече нешто што е навредливо за религијата, во овој случај за исламот“, изјавил портпаролот на окружниот суд, додавајќи дека обвинетата изразила жалење за својата постапка и се извинила.

Во последните години во Индонезија се шират конзервативните толкувања на исламот, поради што многумина стравуваат дека може да биде загрозен долгогодишниот статус на Индонезија како секуларна и толерантна држава. Во контекст на ова, политичките активисти тврдат дека строгите закони за верско сквернавење во Индонезија се користат за загрозување на малцинствата и кршење на слободата на изразување.

Спонзорирано: