19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Фото) Трибина се урна за време на настапот на рап-музичар: Дел од публиката заврши во морето, повеќе од 260 лица се повредени

Повеќе од 260 лица се повредени, од кои пет се потешко повредени, кога се урна дрвено шеталиште на брегот на шпанскиот град Виго за време на концерт, изјавија официјални лица.

Платформата на морскиот брег се урна непосредно пред полноќ, додека луѓето го гледаа настапот на еден рап-музичар за време на дводневниот фестивал во Галиција, пренесува Би-би-си.

Како што е соопштено од страна на локалните медиуми, пејачот ги поканил присутните да „скокаат”, а откако тие го послушале – платформата се урнала.

Извештаите велат дека некои посетители на фестивалот паднале во морето кога пропаднала дрвената структура долга 30 метри и широка 10 метри.
Очевидци велат дека настанала паника меѓу луѓето кои се обидувале да се извлечат на безбедно.

Неколку екипи на Итна помош се погрижиле за повредените, а биле испратени и нуркачи во морето за да проверат да не има некој заробен под структурата.

Полицијата потврди дека нема загинати.

Спонзорирано: