Во текот на 2018-та година дигиталните регистарски таблички ќе стигнат на калифорниските патишта, а потао се очекуваат да се појават и на сите возила низ САД.
Компанијата Reviver Auto во јавноста ја преставе првата во светот дигиталнка регистарска табличка и со тоа буквално се искомплицира последниот од едноставните делови на автомобилот.
https://www.youtube.com/watch?v=A_H6Ix2jsdM
Како што е соопштено, дигиталните таблички ќе се најдат оваа година на 100.000 автомобили.
Во суштина Rplate Pro е програмабилен монохрански екран заштитен од надворешно влијание. Благодарение на можноста за поврзување може да се менува натписот и по потреба да се додаваат информации.
На автомобилот ќе се поставува доста едноставно слично како и класичните регистарски таблици.
Добрата работа во врска со оваа табличка е дека е предвидена обнвоа онлајн, без потреба за никаква папирологија или лепење на налепници.
Една од функциите на дигиталните таблички ќе биде и дека при паркирање на дел од неа ќе се испишува и времето до кога е платен паркингот.
Дали ќе дојде оваа технологија и во Македонија наскоро, останува прашање кое надвиснува, но имајќи во предвид дека технолошките новитети не не’ заобиколуваат можеме да го очекуваме и ова.