24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ и Тачи денеска на средби во Брисел

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска ќе се состане со косовскиот претседател, Хашим Тачи, во Брисел, во рамки на новата рунда дијалози меѓу Белград и Приштина.

Состанокот на којшто ќе присуствува и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, би требало да заврши рано попладнево. Во косовската делегација, освен Тачи, се очекува да пристигне и премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на парламентот, Кадри Весели.

Во делегацијата од Белград, покрај Вучиќ ќе биде и шефот на канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.

Спонзорирано: