19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Над 1.000 мигранти годинава настрадале во Средоземното море

Повеќе од 200 мигранти се удавиле за два дена во централниот дел на Средоземното море, со што бројот на оние кои што од почетокот на годинава настрадале на главната мигрантска рута меѓу Африка и ЕУ се зголеми на повеќе од 1.000 лица, соопшти ОН.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) е „шокиран до масовното давење во Либија” и побара итна меѓународна акција за јакнење на спасувачките акции на море.

„Овие трагични случаи не потсетуваат дека војната и сиромаштијата ги тераат луѓето на ризично патување кое ги чини пари, достоинство и на крајот на краиштата и живот“, изјави комесарот Филипо Гранди.

Според податоците на УНХЦР, повеќе од 200 мигранти на 19 и 20 јуни се удавиле во три несреќи.

 

Спонзорирано: