Момчето кое денес е родено во воз во подземна железница ќе има бесплатен превоз во француската престолнина до 25-та година, соопшти париското претпријатие за јавен сообраќај RATP.
Од ова претпријатие соопштиле, исто така, дека како последица на овој несекојдневен настан дошло и до пореметување во сообраќајот.
Спасувачите презеле грижа за мајката и ја префрлиле со детето во најблиската болница.
Веста за „неочекуваниот пораѓај“ била објавена на екраните поставени на париските железнички станици, пренесоа медиумите.