19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Нов закон стапува во сила во јули: Се воведува данок на социјални мрежи во оваа земја

Во еден од бизарните потези во последниве неколку години, владата на Уганда изгласа нов закон според кој ќе го оданочува користењето социјални мрежи и апликации за четување.

Парламентот на Уганда неодамна изгласа воведување на контроверзен данок на социјални мрежи, а се однесува на сите кои користат социјални мрежи и апликации за допишување како Whatsapp, Facebook или Twitter.

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени е еден од најгласните заговорници на овој нов данок и цврсто е убеден дека социјалните медиуми заговараат озборување, известува Би-Би-Си.

Новиот закон стапува на сила на 1 јуни, но никому не му е јасно на кој начин владата ќе ги следи граѓаните и како ќе им го наметне овој данок.

Постои и шанса во целата работа да има и политички мотиви, со оглед на тоа што претседателот Мусевени го запрел пристапот до социјалните мрежи пред претседателските избори 2016 година.

Спонзорирано: