24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џјинпинг: Новите односи меѓу Белорусија и Кина треба да бидат исполнети со нова содржина

Претседателите на Кина и Белорусија, Шји Џјинпингј и Александар Лукашенко денеска издадоа заедничка изјава за основните принципи за развој на стратешкото партнерство на двете земји во „сите услови во новото време“.

Белоруската новинска агенција „Белта“ објави дека Лукашенко и Шји разговарале во Пекинг во присуство на нивните соодветни делегации и тоа многу подолго од планираното. Кинескиот претседател оцени дека новите односи меѓу Кина и Белорусија треба да бидат исполнети со нови содржини.

„Новиот статус на нашите билатерални односи треба да биде исполнет со нова содржина. Денеска имаме добра можност да развиеме план за целиот опсег на нашите билатерални односи“, рече Џјинпинг.

Тој рече дека Кина е посветена на зајакнување на меѓусебната политичка доверба со Белорусија во контекст на нестабилна и турбулентна меѓународна ситуација.

„Во овој контекст Кина силно е посветена на продолжување на заедничките напори со Белорусија за зајакнување на политичката меѓусебна доверба и практична соработка во интерес на динамичен, здрав и одржлив развој на билатералните односи“, рече кинескиот претседател.

Тој изјави дека со Лукашенко се обединети во напорите за зајакнување на кинеско-белоруските односи.

„Ние сме пријатели веќе неколку години. Имаме силно нераскинливо пријателство“, рече кинескиот претседател.

Тој оцени дека Кина и Белорусија треба да се поддржуваат меѓусебно во „заштита на сопствените суштински интереси, спротивставување на мешањето надворешни влијанија во внатрешните работи, како и заштита на суверенитетот и политичката безбедност на овие две земји“.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој е во државна посета на Кина од 28 февруари до 2 март, на средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека неговата земја поинтензивно ќе се развива со силна Кина.

„Ви посакуваме успех. Тоа е нашиот прагматизам. Ако Кина е силна, и нашата Белорусија ќе се развива и ќе биде силна“, рече Лукашенко.

Лукашенко ѝ честита на кинеската страна за успешно одржаниот конгрес на Комунистичката партија и рече дека Пекинг „го следи својот пат, никого не вознемирува и не обрнува внимание на мали залаци“.

Претседателот на Белорусија, кој 13-ти пат е во посета на Кина како претседател, повика на уште поголема соработка меѓу двете земји во сите области.

Спонзорирано: