17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блинкен: Путин ја започна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја започна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен по повод денешната годишнина од руската инвазија на Украина.

„САД цврсто стојат со Украина додека се бранат, и ние ќе продолжиме да го правиме тоа додека не се почитува суверенитетот на Украина и додека народот на Украина не може сам да одлучи за својата демократска иднина во слобода и мир“, рече Блинкен.

Според Радио Слободна Европа, тој потсети дека Путин пред една година нареди целосна инвазија на Украина, по неколкумесечна измама зошто Русија собира огромен број војници на украинската граница.

„Оваа одлука на претседателот Путин распарчи семејства, раселе милиони, уништи домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура, ја влоши глобалната криза со храна, ги дестабилизира енергетските пазари и го поткопа меѓународниот мир и безбедност“, рече Блинкен.

Тој додаде дека оваа војна го уништила меѓународниот углед на Русија, ја оставила Русија ослабена и изолирана и ја десеткувала нејзината економија.

„Нескротливата волја на Украина го собра светот за нејзината кауза, со луѓе со совест од целиот свет обединети зад Украина“, рече Блинкен.