Саудиска Арабија најави дека ќе и обезбеди на Украина хуманитарна помош од 400 милиони долари.
Во извештајот, саудиската државна новинска агенција СПА исто така додава дека престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој е де факто владетел на Саудиска Арабија, денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За време на разговорот со Зеленски, саудискиот престолонаследник ја изрази подготвеноста на Ријад да продолжи со посредничките напори и да поддржи се што ќе придонесе за деескалација на украинскиот конфликт.