24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кит угина од кеси и рибарски мрежи, во него биле пронајдени 30 килограми отпад

Младиот кит кој се насука на брегот во Шпанија угинал од внесување на голема голичина отпад, објавија локалните власти.

Речиси 30 килограми отпад, вклучувајќи пластични кеси и рибарски мрежи, биле пронајдени во дигестивниот систем на цицачот. Китот, долг 10 метри, беше пронајден на брегот во одморалиштето Кабо де Палос во февруари, а обдукцијата покажала дека угинал од неможноста да го свари или да го исфрли отпадот.

Трагичната смрт на животното ги поттикна локалните власти, заедно со Европското здружение за заштита на животната средина и Европскиот фонд за регионален развој да почнат кампања која се бори против загадувањето на океанот. Консуело Росауро, претставник на локалната власт, рекол дека присуството на пластичен отпад во морињата и океаните е една од најголемите закани за животинскиот свет.

Спонзорирано: