Илија Г. (21) од Атеница, општина Чачак, Србија со нож ги убил неговата мајка Светлана, таткото Милан и дедото Сретен, по што избегал кај другар.
Илија заминал кај другарот по злосторството и на себе имал крвав дуксер кој го носел додека го извршувал злоделото.
Неговиот другар не ни претпоставил за што станува збор, а неговата мајка му дала друг дуксер за да се пресоблече.
Откако земал нов дуксер, Илија избегал уште подалеку од семејната куќа, но полицијата успеала да го фати.