22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Исполнување на соништата: Живописните италијански села ќе ви платат 33.000$ за да се доселите таму

Дали некогаш сте размислувале да се сместите во живописно село, да речеме на југот на Италија, каде што е топло цела година?

И, уште замислете дебело да ви платат за тоа?

Звучи навистина како сон на соништата.

За оние што ќе се одлучат на тоа, тој сон може и да се оствари.

Калабрискиот регион планира да понуди до 28.000 евра (33.000 долари) во рок од најмногу три години на луѓето кои сакаат да се преселат во малите села со помалку од 2.000 жители во надеж дека ќе го запрат падот на бројот на населението.

Ова вклучува локации покрај море или планина, па дури и обете истовремено.

Сепак, тоа не се лесно земени пари. За да добијат финансиска помош, новите селани мора да се посветат на започнување на нов мал бизнис, или од нула или со избор од претходно зачуваните понуди за професии, потребни за тие места.

Апликантите мора да станат жители и не смеат да бидат над 40 години. Тие исто така мора да бидат подготвени да се преселат во Калабрија во рок од 90 дена по одобрувањето на нивната апликација.

Властите во регионот се надеваат дека ќе привлечат проактивни млади луѓе кои бараат работа.

Ѓанлука Гало, регионален советник, изјави дека месечните примања на овие млади луѓе ќе бидат во опсег од 1.000 до 800 евра во период од 2-3 години. Алтернативата е еднократна парична помош за започнување на комерцијална активност, без разлика дали станува збор за ресторан, фарма или отворање продавница.

„Досега имавме огромен интерес и се надеваме дека, ако првата шема успее, ќе следува уште во годините што доаѓаат“, изјави Гало.

Над 75 проценти од населените места во Калабрија имаат помалку од 5.000 жители, што предизвикува страв дека некои заедници може да изумрат за неколку години, освен ако на некој начин не се обнови населението.

Можеби ќе ве интересира

Села: Отворањето на преговорите со ЕУ се од витално значење и надеж за реформи во системот

M T

Земјотрес во охридско-струшкиот регион

M T

Три милиони жители на Италија веруваат дека Земјата е рамна плоча

M T

„Дизни“ ќе потроши 33 милијарди долари за нови содржини

M T

Автопортрет на Фрида Кало продаден за рекордни 34,9 милиони долари

M T

Биткоинот за прв пат од април – речиси 60.000 долари

M T