Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени, информиеа УХРМ.
Во Скопје времето ќе биде облачно со слаб дожд претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени
Утре ќе се задржи претежно облачно со умерен југоисточен ветер.
Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне ќе има слаб снег.
Потоа од сабота продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, кои од недела поради спуштање на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Дневните температури значително ќе опаднат.