Општина Центар информира дека в четврток, 22.02.2018 година, ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Општината ги повикува жителите од 8:00 до 13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот и да ги остават пред влезовите на зградите.
Собирањето на кабастиот отпад е дел од кампањата на Општината за ставање крај на комуналните проблеми и за чистење на Центар.
„Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да го оствариме, мораме да работиме сите заедно“, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.
Пријавувањето се врши преку СМС-порака или на вибер на телефон 076 313-387.
Во оваа кампања токму жителите ќе го имаат клучниот придонес за чистење на Центар.
Спонзорирано: