Поради продор на многу студена воздушна маса од север утре попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување.
Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег.
На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.
Прогноза за 12.02.2021
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 13.02.2021
Минимална температура: -12°C до -5°C
Максимална температура: -5°C до 2°C
Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 14.02.2021
Минимална температура: -12°C до -6°C
Максимална температура: -7°C до 1°C
Претежно облачно, студено и ветровито со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.