И годинава сите кои го немаат регулирано станбеното прашање тоа ќе може да го направат со помош на субвенционираните поволности.
Министерството за финансии го објави јавниот повик со кој граѓаните може да крајот на 2021 година да поднесуваат барања за субвенции за учество или за субвенции за месечната камата за купување стан или куќа. Проектот купи куќа купи стан кој продолжува и оваа година позитивно оценет и од градежниците кои сметаат дека се одржува интересот за нови станови во континуитет по условите кои се веќе познати и прифатени од сите кои сакаат да дојдат до сопствен дом
Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра. Во зависност од моделот кој ќе се одбере субвенционираниот период може да биде и до 11 години. Каматната стапка за моделите каде се субвенционира ратата за првите 3 години изнесува 2,9 проценти, а за четвртата и петатта година 3,9 проценти. Кај моделите каде се субвенционира учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата. Минатата година преку проектот се одобрени 278 барања за субвенциониран станбен кредит, од коишто 259 се за купување нов стан, а 19 за изградба на куќа. Вкупно од почетокот на проектот досега скоро 1.700 граѓани дошле до сопствен дом.
Министерството за финансии пред две години изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на Mинистерството за финансии.
Прирачникот е во продолжение:
Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади,како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.
Согласно условите каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9 проценти, а за третата и четвртата година 3,9 проценти.
Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата од неодамна изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.
За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата изнесува 11.900 евра.
Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.
Дополнително корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.
Интересен е и делот “Купи куќа за возраст над 35 години“. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција.
За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80 проценти од учеството за куќата.
(дел од прирачикот)
(дел од прирачикот)
(дел од прирачикот)