Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници. Искуството од преговорите со Грција ме научи дека на Балканот, кога се работи за вакви прашања, така се стигнува до вистинското решение, односно кога едната внимава на другата страна и обратно, вели во своето обраќање до граѓаните преку социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.

Ние имаме свои јасни и прецизни позиции и ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаоѓање на заедничко, победничко решение. Македонските идентитет и гордост се и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа.

Ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања. Нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение и ние нема да го правиме тоа, секако и во периодот којшто претстои.

Многу е важно како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон Европската Унија поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани, што е наша основна задача како политичари.

Очекуваме, овие денови да се интензивираат разговорите, за пред 17-ти ноември, да се обидеме да постигнеме решение.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ќе биде запаметен по тоа што ги рушеше националните позиции во однос на Бугарија

M T

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

M T

Потпишан меморандум за соработка со Бугарија во областа на спортот и младите

M T

Лукаревска: Квалитетно и прецизно ќе ги решаваме отворените прашања со Бугарија

M T

Маричиќ: Добро е партиите да се на иста страна и активно да учествуваат во процесот со Бугарија

M T

Маричиќ: Во вторник ќе имаме работни групи со Бугарија за испорака на резултати и решенија

M T