Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски – организациски секретар:

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Максим Димитриевски е најголемото политичко разочарување и најголема измама.

Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција.

За само една година, Димитриевски ги погази сите свои изборни ветувања.

Неговиот лажен патриотизам излезе на виделина, се што кажа порече.

Максим јавно се колнеше дека нема да прифати внесување на Бугарите во Уставот без одложена примена. Пред два дена, смени лента, се откажува од тој став, сега веќе не е за одложена примена.

Ветуваше борба за правда, а денес молчи пред корупцијата на коалициските партнери од ВЛЕН.

Ваква сервилност, вакво коленичене пред ВЛЕН досега немало.

Вистината е едноставна: Максим Димитриевски не е ништо друго освен обичен привезок на Христијан Мицкоски и слуга на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е безгласна буква во владината коалиција, единствено способен за делење функции и удобни фотелји, без ниту еден резултат.

Освен становите и парцелите вредни 300.000 евра.

Максим Димитриевски е прочитан од граѓаните и ќе биде казнет токму од граѓаните.

Македонија заслужува одговорни луѓе, а не лажни патриоти кои за фотелја се откажуваат од сè што ветиле.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК