Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

-На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ОБЕЗБЕДУВАЧ НА КАЗИНО ВО ТЕТОВО – Спречувал полициски службеници при службени дејствија

ДЕСК

УАПСЕН 26-ГОДИШНИК ВО ТЕТОВО – Пронајдена марихуана, измерени и 1,34 промили алкохол

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ВОЗАЧ ВО ГРАДЕЦ – Омаловажувал полицајци, измерени му 0,76 промили алкохол

ДЕСК