22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бугарија осамена во авантурата, макeдонскиот идентитет и јазик немаат бугарски корени

Владата цврсто останува на својот став дека нема компромис за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Ако се следат изјавите на високите државни преставници дадени деновиве, јасно е дека Владата не планира да преговара за идентитетот и за јазикот со соседна Бугарија. Тие нагласуваат дека и понатаму остануваат отворени за дијалог, како и за доследно спроведување на Договорот со Бугарија, кој подразбира соработка, пријателство и придонес на источниот сосед кон евроинтеграциите на Северна Македонија. Но, со постапките кои ги преземаат бугарските власти, со негирање на македонскиот јазик и идентитет, го поткопуваат Договорот, но и застануваат против заложбите на Европската Унија.

Прашањата околу македонскиот јазик и идентитет се затворени и со Договорот во Преспа, потпишан помеѓу Северна Македонија и Грција, а потоа тие се потврдени и во Организацијата на Обединетите Нации. Оттаму, нејасно е зошто сега Бугарија ги отвора овие прашања и со каква цел? Зошто им пречи соседна држава да ги започне преговорите со Брисел, а билатералните спорни прашања да се решаваат во иднина. Овие два процеса може да течат истовремено.

Дополнително, во преговарачката рамка од Европската Унија стои чисто македонски јазик, без дополнителни објаснувања и фусноти. Дури Брисел побара од властите во Скопје да започнат со превод на севкупното европско законодавство на македонски јазик. Вреди да се напомене дека Бугарија е останата сама во ваквата авантура. Потврда се јавните настапи на високите европски преставници кои не се согласуваат со ветото на Бугарија затоа што се сомневаат во нејзините причини. Сите институции на ЕУ, германското претседателство и пошироката експертска јавност се принципиелни и го почитуваат нашето право на самоопределување. Никој со ниту еден збор не го негира нашето постоење, идентитетот и јазикот. Затоа ваквата изолирана политика на Бугарија носи штета на сите, прво на самите соседни држави, на регионот, и пошироко на Европската Унија.

Денеска медиумите започнаа да ги објавуваат следните информации дека ниту едно од бугарските барања не е признаено ниту пак уважено. Нема т.н.член .35 ( поглавје ) како дел од преговарачката рамка, што било одбиено од страна на Германија. Исто така било отфрлено и од Германија но и од Македонија дека не постојат никакви бугарски корени на македонскиот идентитет и јазик. Македонија останува посветена на договорот од 2017, регионалната соработка, истовремено потврдуваме немешање во внатрешни работи на Бугарија, нашиот идентитет е целосно заштитен, употребата на Македонскиот јазик е чист и безисловен во во преговарачката рамка.
Ставот пак на македонскиата страна е дека Бугарија е изолиранана во целост во своите барања и се однесува и неодговорно. Имаат право да имаат унилатерална изјава, ама без да го кршат консензусот во ЕУ. Таков став и се очекуваше ако се следат изјавите на нивните претставници последните 203 месеци, кои беа далеку од добрососедски и проевроспки.

Сите овие аргументи, но и посветеноста на имплементација на Договорот со Бугарија, одат во полза на Северна Македонија и затоа македонската не ги прифаќа непринципиелните и ултимативни барања на бугарската страна, особено дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени. Колку и да е навивачки, сепак, позицијата на нашата Влада е исправна кога тврди дека некои црвени линии не може да се преминат, како што е ова условување од Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T