Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач удрил млад пешак на кружен тек во Скопје и побегнал

На 11 декември 2025 година во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек меѓу улиците Борис Сарафов, Лука Геров, Македонски војски и булевар Партизански Одреди во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во пешак на возраст од 34 години, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобил пешакот, кои се констатирани во Градската општа болница Свети Наум Охридски.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ВЕЌЕ ПОБЕЛЕ ДЕЛ ОД ПЛАНИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Еве каде падна, а УХМР најавува нови снежни врнежи

ДЕСК

Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте

ДЕСК

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

ДЕСК