14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
ТЕМАБИЗНИС

Проверете ги сметките: Почна исплатата на парите од викендот без ДДВ

Управата за јавни приходи информира дека започна со враќањето на целиот износ на ДДВ на граѓаните кои во текот на продолжениот „Викенд без ДДВ“ на 10, 11 и 12 Октомври ги скенираа фискалните сметки издадени согласно со прописите од областа на регистрирање на готовински плаќања и тоа за:

купени македонски добра (производи) или користени услуги, машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) и софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери) согласно одредбите од Законот за данокот на додадена вредност.
Во периодот на „Викенд без ДДВ“ по овој основ беше реализиран промет од 560 милиони денари, а на граѓаните ќе им биде исплатен износ од вкупно 67 милиони денари.

Управата за јавни приходи по исплатата на средствата од „Викенд без ДДВ“ ќе пристапи кон враќање на дел од данокот на додадена вредност којшто граѓаните го оствариле во третото тримесечје за месеците јули, август и септември 2020 година.

Спонзорирано: