Уште во првите недели од коронакризата, Владата предводена од СДСМ презеде суштински мерки и политики за ублажување на негативните последици врз економијата, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
– Низ отворен, инклузивен процес се пристапи кон сеопфатна помош на секторите кои беа први на удар.
Преку бескаматните кредити од кредитната линија КОВИД 1 вкупно беа одобрени и исплатени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат над 6.500 лица. Оваа линија беше наменета за компании од угостителската, туристичката и транспортната дејност кои беа и први погодени од кризата.
Со кредитната линија КОВИД 2 одобрени беа 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица.
Со двете кредитни линии беа поддржани над 1.300 домашни компании. Она што е важно да се напомене е дека најголем дел од поддржаните субјекти се микро компании кои вработуваат до 10 лица, што во реалноста значи дека државата во најголем дел застана зад семејните, мали бизниси кои се есенцијата на нашата економија.
Поддршката за стопанството не застанува тука. Следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај и чија реализација ќе започне во следниот период.
Како одговорна партија, СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат вистинска грижа за граѓаните и стопанството и тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро, рече Костадин Костадинов.