Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ПОТСЕТНИК ЗА КОРУПЦИЈА до новиот шеф на ДКСК: Има криминал од 9 милиони евра, треба да се постапи!

Соопштение на СДСМ:

СДСМ го потсетува ново избраниот претседател на ДКСК, Адем Чучуљ, за корупцискиот скандал од 9 милиони евра и го повикува да биде меѓу првите негови работни задачи.

Кои се фактите: Фирма основаната минатата година, со само двајца вработени добива 9 милионски договори за тендери од владата на Христијан Мицкоски.

Тендерите се во висина од 9 милиони евра, пари на граѓаните!

Периодот на добивање на сите тендери вредни 9 милион вра е само за шест месеци во 2025 година.

Вкупниот број на добиени тендери е 6 од кои 4 тендери се од Генералниот секретаријат на владата на Мицкоски, еден од ЕСМ и еден од Министерство за администрација.

Документите, фактите и доказите за овој скандал се објавени се сите, достапни се за јавноста и доставени до ДКСК заедно со пријава од страна на СДСМ

Новиот шеф на ДКСК треба само да ги погледне, да ја прочита пријавата на СДСМ и да делува.

Работата не е завршена!

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

ДЕСК

МВР апелира до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи

ДЕСК

СДСМ: Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски – ново признание на ВМРО-ОКГ

ДЕСК