Јавноста деновиве е изненадена од тоа што премиерот Зоран Заев како и членовите на Владата Љупчо Николовски и Венко Филипче се санкционирани поради сообраќаен прекршок по член 99 од Законот за безбедност во сообраќајот.
За првпат во историјата на државата се случува претседателот на Владата и министри да бидат санкционирани заради сообраќаен прекршок, па оттаму и изненадувањето кај широката јавност која со години беше навикната носителите на високи функции да бидат недопирливи пред законите.
Ова е суштинска спротивност од она на што бевме сведоци до пред само неколку месеци.
Се уште се свежи сеќавањата кога лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски беше фатен како ги прекршува мерките и забраните за заштита од коронавирусот со тоа што седеше во дел од ресторан кој во тој период не смеел да работи.
Мицкоски не само што се криел од инспекторите, туку и преку својот пулен Наќе Чулев покрена структури од Министерството за внатрешни работи со цел да се обидат да го заташкаат целиот случај, а Мицкоски да го спасат од казна.
Високи функционери во МВР, униформирани полицајци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат од одговорност, а во обид да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден.
Очигледно е дека заложбата на Владата предводена од СДСМ за неселективна правда не е само на хартија, туку тоа се гледа и на дело. Покрај казните за Заев, Николовски и Филипче, вчера на кејот во центарот на Скопје бил казнет и возачот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, поради непрописно паркирање на службеното возило.
Имајќи ги предвид последните настани, за очекување е дека во државата се воведува нова пракса каде сите, па вклучително и високите државни функционери и нивните соработници се еднакви пред законите.