Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

По позитивните резултати на локалните избори, каде коалицијата ВЛЕН обезбеди победи во поголемиот дел од општините со албанско мнозинство, во рамките на коалицијата започнаа дискусии за новата структура на раководството.

Според извори од ВЛЕН, по завршувањето на изборниот процес се очекува внатрешна реорганизација и назначување на нов претседател на коалицијата.

Најчесто споменувани имиња како можни кандидати за оваа позиција се Билал Касами и Изет Меџити, кои се сметаат за двете највлијателни политички фигури во рамките на ВЛЕН. Сепак, според нашите извори, се очекува Билал Касами да го преземе раководството на коалицијата и да стане нејзин иден лидер. Касами се има докажано како успешен градоначалник и зад себе има чист политички профил.

Одлуката се очекува да биде официјализирана во наредните денови, по состаноците на раководните органи на коалицијата.

Можеби ќе ве интересира

Митева: Шпанскиот тенор Хозе Карерас со македонските музички великани дел од прославата за одбележување на 35 години независност на Македонија

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ НАПАДНАТ ВО АЕРОДРОМ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Му го одзеле ранецот со пари и лични предмети

ДЕСК

ЗАТАЛКАНО ЗРНО ЗАВРШИЛО ВО АВТОМОБИЛ ВО ТЕТОВСКО: Оштетен кровот на „ауди“

ДЕСК