22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: По сила на закон изборите се 22 дена по истекот на вонредната состојба, гласањето е безбедно

Ако не се постигне договор да се измени Изборниот законик, тогаш по сила на закон и устав, изборите се на 5 јули, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Претседателот Заев истакна дека изборите се потребни заради заштита на здравјето, трансформација на економијата, но и за целосна функционалност на институциите.

„Бројките на новозаболени секому тешко му паѓаат, но тие ќе постојат и натаму и затоа изборите треба да се одржат. Бројките ќе постојат и на 5 и на 15 јули и на 5 август и на 15 октомври ама ние не смееме во тој период да останеме без парламент и политичка влада која ќе има доволна одговорност да носи одлуки за тешки состојби, пред сé економски, но можеби и здравствени. Верувам дека сите ќе смогнат сили да учествуваат на изборите затоа што одговорноста кон државата мора да биде во преден план за сите“, порача Заев.

Во однос на прашањето за процесот на набљудување, претседателот Заев истакна дека е јасно дека ОБСЕ/ОДИХР ќе има своја набљудувачка мисија со што ќе се обезбеди и меѓународен мониторинг на изборите.

„ОБСЕ веќе се изјасни дека ќе испратат мисија соодветна на коронакризата којашто постои насекаде низ светот. Логично е дека не мора и не треба да очекуваме полна мисија како во нормални околности, но сепак ќе има мисија којашто ќе ги заврши своите надлежности за да може мониторингот да биде завршен. Вчера е испратено писмо до ОБСЕ/ОДИХР за поканата да учествуваат на изборите, тие најавија дека им треба период за да се позиционира во државата. Очекувам ОБСЕ да ни помогне од соседните земји, а секако тука се и амбасадите во нашата државата кои традиционално преку амбасадорите и службите во амбасадата даваат придонес во мониторинг процесот“, посочи Заев.

Во одговор на новинарско прашање околу тоа како би изгледал изборниот ден и како граѓаните ќе го остварат своето избирачко право во време на пандемија, претседателот Заев посочи дека постојат посебни протоколи кои ќе обезбедат сигурен изборен ден и чин на гласање кој нема да го загрози здравјето на ниту еден учесник во изборите.

„Министерството за здравство подготви протоколи и тие знам дека се предадени до Државната изборна комисија и преку почитување на тие протоколи обезбедуваме безбеден чин на гласање. Кога сме во ситуација кога пазариме, посетуваме угостителски објекти во кои минуваме и по неколку часови, секако придржувајќи се до мерките, можеме и да гласаме според протоколите кои ги штитат здравјето. Чинот на гласање не трае повеќе од 5 минути и може лесно да се изведе согласно заштитните мерки“, заклучи претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T