14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Луксуз за мали пари: Цената на овој џип е 9.000 евра! (Фото)

Брендот на автомобили Baoujun се наоѓа под заедничката компанија SAIC-GM-Wuling, во која американски General Motors има 43 отсто учество.

https://www.youtube.com/watch?v=fLxq2Pf-nqk

Деновиве компанијата на кинескиот пазар лансираше SUV под името Baojun 530, кој треба да биде перјаница на брендот.

Новиот SUV, со должина од 4655 мм и меѓуосовински размах од 2750 мм, може да се опише дизајнерски креативен, иако изгледот е „веќе виден“.

Baojun 530 од напред потсетува на Hyundai Santa Fe, додека за задницата како инспирација на дизајнерите им послужил Audi Q5. Впечатокот единствено го расипуваат малите тркала кои никако не се сложуваат со SUV карактерот на автомобилот.

Во допадливата внатрешност видливо е надворешно влијание, бидејќи Кинезите го копирале кокпитот на Kia Sportage.

Доминантно место зазема 8-инчниот монитор, а доза на луксуз даваат старт-стоп прекинувачот и кожниот ентериер.

Baojun 530 е достапен со два мотори – 1,8 литарски атмосферски бензинец 137КС и 1,5 литарски турбо мотор 150 КС.

Како што е обичај кај кинеските автомобили, главниот адут на Baojun 530 е поволната цена. Солидно опремена базна верзија чини 75.800 јуани, односно 9.000 евра.