Најниската утринска температура во Македонија денеска е регистрирана на Попова Шапка, каде што биле измерени два степена. Најтопло било во Демир Капија со 12 степени, додека во Штип температурата достигнала 11 степени.
Во Битола, Охрид, Претор и Велес биле измерени осум степени, а во Скопје, Прилеп, Берово, Струмица и Лазарополе по шест степени. Најголемо количество врнежи е регистрирано во Лазарополе.
Според УХМР, дождливото време ќе продолжи, а за викендот се очекуваат врнежи од снег и на дел од повисоките места.


