Вработени во културните институции денеска протестираат пред Уставниот суд поради постапката за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за културата и една од одредбите на Законот за културата.
Од Синдикатот на културата изразуваат загриженост дека евентуалното укинување на договорот би можело да создаде неизвесност во остварувањето на досегашните работнички права.
Од Уставниот суд претходно потврдија дека предметот е во фаза на гласање и дека е ставен на дневниот ред на денешната седница. Засега не е потврдена конечна одлука.


