Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

18-ГОДИШНИК СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАНОТ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Приведен во Битола

Полициски службеници од СВР Битола на 26 ноември 2026 година во 23:30 часот лишиле од слобода 18-годишен жител на селото Крклино, битолско, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил без возачка дозвола.

Според информациите од полицијата, на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Битола било сопрено патничко возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од младиот возач.

При извршените проверки било констатирано дека 18-годишникот не поседувал возачка дозвола.

Од СВР Битола информираат дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗЕЛА „РЕНО“ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – 41-годишна прилепчанка приведена среде бел ден

ДЕСК

ТРАГИЧНА ВЕСТ – 41-годишна жена пронајдена почината во сместувачки објект

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА ПАТОТ БИТОЛА–РЕСЕН – Приведен охриѓанец, кај него пронајдена марихуана

ДЕСК