Против двајца полициски службеници е поднесена кривична пријава поради сомнение за примање поткуп на граничниот премин Долно Блаце, покажуваат информациите на Министерството за внатрешни работи.
Случајот се однесува на настан од 22 ноември, кога еден од пријавените службеници при контрола на патничко возило во кое се превезувале и двајца турски државјани наводно побарал пари од возачот.
Надлежните ја документираат улогата на двајцата пријавени службеници. Поднесувањето кривична пријава не претставува утврдување вина, а за евентуална кривична одговорност ќе одлучуваат надлежните правосудни институции.


