Centar.mk
ЛОКАЛНО

ДЕНЕСКА ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО КАТЛАНОВО И МАЏАРИ – Објавени термините и улиците

Дел од корисниците во општините Петровец и Гази Баба денеска, вторник, 24 ноември, имаат најавени прекини на електричната енергија поради одржување на електродистрибутивната мрежа.

Во Катланово, од 08:00 до 15:00 часот, планираниот прекин се однесува на улицата „1“, поради замена на електрични столбови во реонот на Старите Лозја. Во Гази Баба, од 08:30 до 14:30 часот, прекинот треба да опфати делови од улиците „Благоја Стефковски“, „Разлошка“, „Валандовска“ и „Никола Киров Мајски“.

Техничките работи во реонот Маџари се поврзани со одржување на трафостаниците „Маџари 15“ и „Маџари 21“. Корисниците треба да ја проверат конечната состојба преку официјалната мапа на Електродистрибуција, бидејќи термините на планираните зафати може да се променат.

Можеби ќе ве интересира

Со уште три образовни институции продолжува реализацијата на проектот „Сончеви училишта“

ДЕСК

Општина Битола на барање на кугларскиот клуб „Пелистер“ Битола обезбеди нова опрема за кугларската сала која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“.

ДЕСК

Од паркинг до урбана грижа – што сè прави ЈП „Паркинзи“за подобар Центар

ДЕСК