Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

Сите државни патни правци во Македонија се проодни, и покрај зимските временски услови и остатоците од кашест снег на одделни делници, информира ЈП „Македонија пат“ во вечерното соопштение.

Претпријатието предупредува дека на патиштата што минуваат низ усеци и клисури постои можност од појава на ситни одрони. Затоа возачите треба да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината според условите на коловозот.

Со оглед на заладувањето, особена внимателност е потребна на повисоките места и планинските премини. Проодноста на патиштата во моментот на известувањето не значи дека условите ќе останат непроменети во текот на ноќта.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК