Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДЕНЕСКА МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ – УХМР најавува сонце, но и студ

Македонија денеска ќе има сончево, но постудено време со мала до умерена локална облачност, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури во повеќе подрачја ќе бидат под нулата.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. По дождот и снегот на планините, се очекува посув временски период, но со пониски температури.

Во Скопје ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност и северен ветер. УХМР за среда најавува уште постудено утро, со минимални температури од минус осум до минус два степени, а потоа нов период со врнежи.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМАГЛЕНО ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО ВО СТУДЕНИТЕ УТРА? – Три поставки што можат побрзо да ја вратат видливоста

ДЕСК

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК