Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.

Утре ќе биде: Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 22.11.2026
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.11.2026
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне поради продор на постуден воздух од север на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува засилен, а наместа повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец.

Прогноза за 24.11.2026
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК