Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

Народната банка соопшти дека во сабота, 7 ноември, ќе организира превоз за клиентите на АЛТА банка од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола. Мерката е наменета за граѓаните кои имаат сметки во банката, но немаат платежни картички и затоа не можат да ги подигнат своите средства преку банкомат.

Превозот од Прилеп ќе тргне во 10 часот од плоштадот „Методија Антонов-Ченто“, пред „Реклами“. Од Охрид поаѓањето е во 11 часот од градската автобуска станица, а од Ресен во 12 часот, кај маркетот „Кипер“. Враќањето кон трите градови ќе биде организирано откако сите превезени клиенти ќе завршат со подигнувањето на средствата.

Народната банка најави и дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени шалтери во Тетово и Струмица, каде што клиентите без платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Активностите се дел од мерките за олеснување на пристапот до парите во услови на привремена администрација во банката.

Можеби ќе ве интересира

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

ДЕСК

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК

ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕД НОВИ ПРОМЕНИ – Јаневска вели дека се реализирани над 75 проценти од реформите

ДЕСК