До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 03.11.2026
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 10°C до 15°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Прогноза за 04.11.2026
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 9°C до 17°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе надминува брзина од 60 km/h.
Прогноза за 05.11.2026
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд на планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
извор УХМР


