Во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, до 15 часот своето избирачко право го оствариле 6.579 граѓани, односно 40,49 проценти од запишаните избирачи. Податоците ги соопшти Државната изборна комисија, врз основа на информациите добиени од сите 24 избирачки места.
Во споредба со првиот круг одржан на 18 октомври, излезноста до истиот час е зголемена за 9,32 процентни поени. Од ДИК информираат дека гласањето се одвива непречено, без регистрирани проблеми на избирачките места.
Гласањето продолжува до 19 часот, по што ќе започне пребројувањето на гласовите. Во вториот круг граѓаните избираат меѓу двајца кандидати, а конечниот исход ќе биде познат по обработката на изборните резултати.


